Седница на Комисијата за политички систем и односи
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат амандманите поднесени на Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, кои се во второ читање.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат амандманите поднесени на Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, кои се во второ читање.
За Предлог-законот за судска служба се поднесени повеќе од 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европскиот фронт и Левица, додека за Предлог-законот за јавнообвинителска служба се доставени 27 амандмани од СДСМ.
Од СДСМ соопштија дека по консултации со синдикатите и претставниците на судската и јавнообвинителската служба поднеле вкупно 82 амандмани. Од нив, 55 се однесуваат на Законот за судска служба, а 27 на Законот за јавнообвинителска служба. Дополнително, најавени се и 19 комисиски амандмани.
Според партијата, предложените законски решенија можат да ја загрозат независноста на судството и да ја влошат положбата на вработените во правосудниот систем.
