Регион

Давењата и натаму сериозен ризик на грчките плажи

22.06.2026 20:21

Четири лица се удавиле во различни делови на Грција во последните 24 часа, соопшти крајбрежната стража, а уште едно тело е пронајдено во пристаништето Пиреја.

Четири лица се удавиле во различни делови на Грција во последните 24 часа, соопшти крајбрежната стража, а уште едно тело е пронајдено во пристаништето Пиреја.

Жртвите биле на возраст меѓу 50 и 60 години, меѓу нив има и грчки и странски државјани.

И покрај обидите за реанимација, смртта била констатирана во болница, а истрагата за околностите продолжува. Летните давења остануваат чест ризик на грчките плажи, особено кај постари лица и на плажи без спасувачи.