Велика Британија

Стармер поднесе оставка

22.06.2026 10:50

Британскиот премиер и лидер на Лабуристичката партија, Кир Стармер, денеска поднесе оставка. Во обраќањето пред Даунинг стрит 10 тој порача дека сите одлуки што ги носел биле во интерес на државата. Kако можен наследник се споменува Енди Бурнам, кој минатата недела победи на дополнителните избори во Мејкерфилд.

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и од лидерската позиција во Лабуристичката партија, соопштувајќи ја одлуката во обраќање пред Даунинг стрит 10.

Во својата изјава Стармер истакна дека секоја одлука што ја донел за време на мандатот била водена од желбата „на прво место да ја стави земјата што ја сака“. Тој им се заблагодари на своите соработници и посебно на сопругата Вик, која ја опиша како негова „цврста потпора“. Стармер додаде дека во иднина сака да биде „најдобриот татко што може да биде“ за своите деца, кои ги нарече своја гордост и радост.

Оставката доаѓа по повеќенеделен притисок врз неговото раководство и по внатрепартиските превирања во Лабуристичката партија.

Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Енди Бурнам, кој неодамна победи на дополнителните парламентарни избори во изборната единица Мејкерфилд и се врати во британскиот парламент.

Бурнам денеска треба официјално да ја преземе пратеничката функција, што дополнително ги засилува очекувањата дека ќе влезе во трката за лидер на партијата и нов премиер на Обединетото Кралство.

 

 

Фото: BBC