Водовод

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажаа последните анализи

22.06.2026 12:49

Сите анализирани примероци на вода за пиење во Скопје ги исполнуваат законските стандарди за квалитет и безбедност. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека во текот на изминатата недела биле спроведени физичко-хемиски и микробиолошки испитувања на 49 мерни места низ градот.

Водата за пиење во Скопје е безбедна и со соодветен квалитет, покажува најновиот неделен лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Според податоците од Секторот за санитарна контрола, во периодот од 15 до 19 јуни 2026 година биле земени 192 примероци за физичко-хемиска анализа и уште 192 примероци за микробиолошко испитување на водата за пиење од вкупно 49 мерни места на територијата на градот.

Од претпријатието информираат дека сите анализирани примероци ги задоволуваат критериумите утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.