Пу, пу, не важи
Новото правило за сезоната 2014-та во Формула1, според кое возачите на последната трка ќе добиваат двојно повеќе поени, сепак се уште не е сигурно.
Според првиот човек на Ф1, Берни Еклстон ,новото правило може комплетно да биде изземено или пак според неговиот предлог ,правилото „двојни поени“ да важи на последните три трки.

Ваквиот предлог Еклстон ќе го изнесе на состанокот на стратешката група во Јануари и според неговата изјава за Дејли Телеграф, во игра се сите три опции, иако очекува да биде прифатен неговиот предлог за двојни поени на последните три трки што би значело интересен шампионат до последната трка.