Немало труење во средното економско училиште во Гостивар
Јавното обвинителство нема да покрене постапка за наводното труење во средното економско училиште во Гостивар. Случајот од февруари кога 60-тина ученици и професори од училиштето во албанската смена се пожалија на здравстевни тегоби, се затвора. Труење немало.

Извршените вештачења, испитувања и анализи покажале дека нема присуство на штетни хемиски супстанци во крвта и урината земени од лицата кои побарале лекарска помош. Никакви непознати материи не биле најдени ниту на облеката ниту на ѕидовите во училиштето, информираат од Јавното обвинителство. Одделот за криминалистичка техника испитувал и присуство на метан и пропан-бутан во просториите на училиштето со употреба на гасни детектори. Резултатите биле негативни.