МВР

Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Радовиш во вторник наутро

22.06.2026 15:19

Поради изведување технички активности, утре од 5 до 9 часот ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш. Сообраќајот на делницата меѓу клучките Софилари и Долани ќе биде пренасочуван по регионалниот пат Штип – Радовиш.

Министерството за внатрешни работи информира дека на 23 јуни, во периодот од 05:00 до 09:00 часот, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш.

Причина за измената се технички активности што ќе се изведуваат на делницата од клучка Софилари до клучка Долани.

Во наведениот период, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш.

Од МВР апелираат до возачите и останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките на полициските службеници, како и поставената сообраќајна сигнализација, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.