Средба Сали- Кардел, во фокус евроинтеграциите и билатералната соработка
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Данска, Перниле Дахлер Кардел. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на земјава, реформските процеси и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете држави.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, Перниле Дахлер Кардел.
На средбата биле разгледани билатералните односи меѓу двете земји, напредокот во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија, како и можностите за натамошно продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.
Сали изразил благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на земјата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и европски случувања, при што ја нагласиле важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на промовирање на стабилноста, безбедноста и просперитетот.
На средбата била потврдена и заедничката заложба за понатамошно унапредување на пријателските односи и блиската соработка меѓу Северна Македонија и Данска.
