Стармер поднесе оставка од премиерската функција
Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка од функцијата и од лидерската позиција во лабуристичката партија, признавајќи дека повеќе нема доволна поддршка од пратениците за да ја предводи партијата на следните избори.

За помалку од две години по историска победа премиерот на Велика Британија Стармер објави дека ги напушта премиерската и лидерската функција во лабуристичката партија. Официјалното образложение на Стармер за ваквиот потег е дека ја слушнал пораката од пратениците на сопствената партија која му дала до знаење дека лабуристичката пратеничка група повеќе не верува дека е најдобриот човек кој треба да ја води партијата на следните парламентарни избори.
Но познавачите на приликите посочуваат дека неговиот пад не е последица на еден скандал или една погрешна одлука. Станува збор за постепено распаѓање на политичкиот авторитет и неговата најголема слабост – претпазливоста. Тој ќе остане на позицијата до изборот на неговиот наследник а најголем фаворит е Енди Барнам, политичар кој зборува подиректно од него.
Барнам веројатно би ја придвижил владата кон поизразена социјалдемократска политика, со поголем фокус врз јавните инвестиции, регионалниот развој, здравството, домувањето и транспортот. Извесно е дека Велика Британија нема веднаш да оди на парламентарни избори.
Лабуристите сè уште располагаат со големо мнозинство во долниот дом и можат да изберат нов партиски лидер, кој потоа ќе стане премиер.
Фиљана Кока
