Битола

Голема поддршка за културните објекти во Битола

22.06.2026 19:31

Со поддршка од Министерството за култура и туризам, Битола го обновува културниот идентитет-инвестиции во објектот на поранешно кино „Партизан“, „Јени џамија“, музејските содржини и античкиот локалитет Хераклеа. Министерот Љутков на работната посета искажа задоволство од сработеното …

Работните активности за реконструкција санација и адаптација на поранешното кино „Партизан“, се одвиваат со забрзана динамика. Со ова темпо овој мултифункционален објект ќе биде готов крајот на 2027-министерот Љутков задоволен од динамиката.

Поранешнотот кино „Партизан“ е дел од капитален проект вреден 94 милиони денари.

На денешната работна посета, беше извршен увид и на конзерваторско-реставраторските активности во познатата „Јени џамија“.

Секое вложување во културата е вложување во иднината на градот. Битола има богато културно наследство и наша обврска е да го зачуваме и да им дадеме нов живот истакна Коњановски.

Изминатата година Министерството за култура и туризам, сериозно вложува во битолските културни институции. 32 милиони денари за активности на Заводи и музеј Битола, а обезбедени се и средства за обнова на кровната конструкција за заштита на мозаиците во Хераклеа.

Александра Максимовска