Ребалансот на буџетот утре на владина седница
Прекроената државна каса утре на владина седница. Во предлог-ребалансот ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит и приходната страна, открија од Финансии...

Ребалансот на буџетот оди на владина седница. Ќе има зголемување на буџетскиот дефицит, за првпат под притисок на зголемените потреби за финансирање на капиталните инвестиции, вели Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.
Во однос на тоа колку чинеле мерките за намалување на ДДВ и акцизите што траеја во изминатиот период поради скапите горива, министерката рече дека акцизата треба да се коригира за околу 1,5 милијарди денари. Но, во моментов, вели, е тешко да се направат прецизни пресметки затоа што имало и индиректни ефекти.
Повеќе пари за патишта, железници и инфраструктурни проекти, а помалку за тековни трошоци.
Разговорите за ребалансот на буџетот министерката ги почнала на 11 мај, ги слушнала ставовите на секој од министрите.
Прекројување на државната каса за 2026, меѓу другото, во најголем дел се должи на последиците што по глобалната економија го имаат случувањата на Блискиот Исток.
Ребалансот, ќе биде подготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратегиските приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.
Борис Грујоски
