Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

23.06.2026 08:14

Попладне под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.