Собрание

Амандманска расправа на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност

23.06.2026 09:00

Партиите од албанскиот опозициски блок незадоволни со предложеното решение. Сметаат дека правичната и соодветната застапеност се столбот на охридскиот рамковен договор и на уставот.

Во собраниската Комисија за политички систем, амандманска расправа на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност. Партиите од албанскиот опозициски блок незадоволни со предложеното решение. Сметаат дека правичната и соодветната застапеност се столбот на охридскиот рамковен договор и на уставот.

Од власта посочуваат дека целта е да се постигне баланс меѓу потребата од застапеност на припадниците на сите заедници во земјата и неопходноста од обезбедување професионална, ефикасна и политички неутрална администрација.

Законот во Собранието ќе се носи во редовна постапка, со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.