Втор рок за уписи во средно
Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование, во првиот јунски уписен рок за учебната 2026/2027 година, имаат нова можност. Денеска е второто електронско пријавување...

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование, во првиот јунски уписен рок за учебната 2026/2027 година, имаат нова можност. Денеска е второто електронско пријавување. Утре пак, ќе се доставува потребната документација.
Има речиси 12 илјади слободни места. Ранг-листите со резултатите од запишувањето ќе бидат објавени в четврток. Во училиштата каде што ќе има кандидати со ист број бодови, ќе се организира квалификациско тестирање, закажано за 29-ти јуни.
Во првиот уписен рок се пријавиле нешто повеќе од 15 илјади ученици, а успешно се запишале над 13 илјади полуматуранти.
