Блиски Исток

Продолжуваат техничките разговори меѓу САД и Иран

23.06.2026 09:35

Вашингтон и Техеран продолжуваат со технички разговори во Швајцарија, при што двете страни различно ги толкуваат досегашните резултати од преговорите.

Вашингтон и Техеран продолжуваат со технички разговори во Швајцарија, при што двете страни различно ги толкуваат досегашните резултати од преговорите. САД велат дека е постигнат напредок кон можно финално решение.

„Воспоставивме механизам за Ормускиот теснец да остане отворен и стабилен, што е клучно за глобалните енергетски текови. Во исто време, јасно е дека Иран никогаш нема да смее да дојде до нуклеарно оружје — тоа е црвена линија и останува централна цел на нашите разговори“, изјави Џеј Д. Венс – потпретседател на САД.

Иран тврди дека не преговара за нуклеарната програма, но ќе продолжи со соработка со МААЕ. Од Техеран инсистираат Ормускиот теснец да биде под иранско управување.

„Ормускиот теснец ќе биде управуван со ирански механизми и од Иран. Ќе има телефонска линија за координација за безбеден и брз премин на бродовите.“, изјави Мохамад Багер Калибаф – преговарач на иранската делегација и претседател на иранскиот парламент.

Доналд Трамп најави дека САД ќе реагираат доколку Иран не ги почитува договорите, додека Вашингтон привремено ги ублажи санкциите за иранската нафта. Во регионот, примирјето меѓу Израел и Хезболах главно се почитува.