Украина

ООН: Мај најсмртоносен месец во Украина

23.06.2026 11:03

Зеленски изјави дека Украина ќе продолжи да возвраќа на руската агресија, вклучително и со удари длабоко на руска територија...

ОН соопшти дека мај бил најсмртоносен месец за цивилите во Украина, со 274 загинати и 1.763 повредени. Повикаа на итна деескалација и дипломатско решение на конфликтот додека Киев и Москва ги интензивираат нападите. Најмалку пет лица се убиени, а десетици повредени во украински напад врз клучна фабрика за ракети во Воронеж. Зеленски изјави дека Украина ќе продолжи да возвраќа на руската агресија, вклучително и со удари длабоко на руска територија.

„Ова е највисокиот месечен вкупен број на убиени и повредени од април 2022-та. Загрижени сме и поради зголеменото влијание на војната врз цивилите во Руската Федерација. Зголемената воена активност пријавена во близина на нуклеарната централа Запорожје во последните недели останува сериозна загриженост“, изјави Халед Хијари – помошник генерален секретар, Оддел за политички и мировни прашања и мировни операции.