Вашингтон со нови критики кон НАТО
Трамп оцени дека САД со години ја носат главната финансиска тежина за европската безбедност, додека дел од сојузниците не покажале доволна поддршка за САД во конфликтот со Иран.

Вашингтон повторно упати критики кон НАТО пред средбата со генералниот секретар Руте. Трамп оцени дека САД со години ја носат главната финансиска тежина за европската безбедност, додека дел од сојузниците не покажале доволна поддршка за САД во конфликтот со Иран. Тој најави дека распределбата на товарот во Алијансата ќе биде клучна тема на разговорите.
„Плативме трилиони долари низ годините за да ја заштитиме Европа. Ги замоливме да дојдат и да помогнат, а тие не беа тука за нас. Ако ние трошиме толку многу за нивната безбедност, а тие не сакаат да помогнат кога ќе побараме, тогаш тоа е нешто за што треба сериозно да се разговара“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
