Македонија нема директно да учествува во офанзивата против ИДИЛ

23.09.2014 17:10

Стејт департментот ja објави листатa на која се наоѓаат 40 земји, меѓу кои е и Македонија кои ја даваат својата подршка во борбата против екстремистите на Исламската држава...

Дел од стратегијата за уништување на Џихадистите е воената подршка на ирачките партнери, запирање на протокот на странски борци, опремување на ирачките трупи, како и спречување на финансирањето на оваа фракција. Професорот Хаџијанев вели Македонија нема да се вклучи во офанзивините операции..

„Македонија генерално нема да се вклучи во офанзивните операции бидејќи тоа уставно и законски не е дефинирано, но дефинитивно ќе учествуваме доколку постои постконфликтно уредување на територијата на која ИСИС функционира, како што учествувавме во Ирак и Авганистан“, изјави за МРТ професорот на воената академија, Методи Хаџијанев.

Ова е само почеток најавува Стејт депарментот. ИДИЛ претставува глобална закана и меѓународната заедница мора да формира обединет фронт  за отстранување на терористичката закана.

Македонија активно е вклучена во глобалните мировни мисии, експертите се децидни дека земјата треба да соработува со државите од регионот. Треба да се вклучи во борбата против тероризмот преку логистичка поддршка на нашата територија, размена на информации, но и присуство на теренот.

„Ова не треба да биде нешто ново за нас бидејќи ние не сме ни прстале да бидеме дел од антитерористичката коалиција која трае уште од 2002 година, зборувам за Македонија како посвтен член. Она што ние ќе го направиме во овој дел- индиректно ќе дејстуваме, и тоа во зајакнување на механизмите за размена на информации, на билатерална соработка, меѓународна соработка и секако давање помош доколку нешто се бара во доменот на обука и градење капацитети“, објаснува професорот Хаџијанев.

До сега повеќе од 10 држави дадоа придонес во сузбивањето на терористите од Исламската држава, дали преку помош во оружје, обуки или советувања. Стејт департментот констатира дека сузбивањето на ИДИЛ не треба да е само воено, потребни се напори на повеќе линии.

 

Миле А. Ристески