Македонија
Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“
23.06.2026 10:45
Претседателката Сиљановска-Давкова денес, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.
Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.
Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.
