Џез концерт „Протерани од рајот“ во рамки на „Скопско лето“
Емин и Шарески ќе изведат заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз.
Џез концерт „Протерани од рајот“ на кој ќе настапат Георги Шарески и Џијан Емин ќе се одржи вечер со почеток од 20:30 часот во „Сули ан“, во рамки на 47-то издание на фестивалот Скопско лето.
Емин и Шарески ќе изведат заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз.
Концертот се развива како музички и авторски дијалог помеѓу два различни музички изрази, низ слободна комуникација, импровизација и заедничко создавање во моментот. Преку современ звук и суптилна сценска интеракција, вечерта носи атмосфера исполнета со креативност, спонтаност и урбана музичка естетика, велат организаторите.
