НБА

Јанис Антетокумпо се сели во Мајами Хит

23.06.2026 12:01

Една од најголемите ѕвезди во НБА, Јанис Антетокумпо, ја завршува својата 13-годишна ера во Милвоки Бакс и кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит. Во големата размена, Бакс добиваат четири играчи и повеќе избори на драфтот, додека Мајами доаѓа до двократниот МВП на лигата.

Милвоки Бакс и Мајами Хит постигнале договор за една од најзвучните размени во последните години во НБА, според која Јанис Антетокумпо ќе ја продолжи кариерата во Мајами.

Во спротивна насока кон Милвоки заминуваат Боби Портис, како и четворицата кошаркари на Мајами – Тајлер Хироу, Кел'ел Веир, Хаиме Хакес и Каспарас Јакучионис.

Покрај играчите, Бакс добиваат и три пика од првата рунда на драфтот, меѓу кои и 13-тиот избор на претстојниот драфт, право на размена на уште еден пик, како и избор од втората рунда.

Според информациите, за потписот на Антетокумпо сериозно бил заинтересиран и Бостон Селтикс, кој бил подготвен во пакетот да го вклучи и Џејлен Браун. Сепак, раководството на Милвоки ја оценило понудата на Мајами како поповолна.

Со овој трансфер завршува една од најуспешните ери во историјата на Милвоки. Антетокумпо ја помина целата досегашна НБА кариера во дресот на Бакс, каде во 13 сезони одигра 895 натпревари со просек од 24,9 поени по натпревар.

Грчката суперѕвезда ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/21, а двапати беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на лигата, оставајќи длабока трага во историјата на франшизата.