Македонија-Бугарија
Мицкоски: Дипломатската нота е преседан
23.06.2026 13:11
Премиерот Мицкоски за дипломатската нота во Бугарија поврзана со неговата сопруга и помалиот син: „Се загрозува безбедноста на моето семејство“. Ги информирал партнерите во НАТО.

„Се загрозува безбедноста на моето семејство“ – реакција на премиерот Мицкоски за дипломатската нота за тридневен престој на неговата сопруга и неговиот помал син кај пријатели во Пампорово. Вели дека ова е невообичаен потег во дипломатијата и за тоа ги информирал партнерите во НАТО. Не очекува позитивен развој во односите со источниот сосед.
Викторија Милевска ги има деталите.
