Реформите и довербата во институциите во фокусот на Денот на јавната администрација
Реформите не претставуваат политички избор, туку неопходност за економскиот развој, привлекувањето инвестиции и зајакнувањето на довербата во институциите. Зајакнувањето на довербата на граѓаните во институциите, беа во фокусот на Денот на јавната администрација...

Нашата задача е да изградиме администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка пред нивните потреби. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Денот на јавните службеници. Тој истакна дека ако сакаме Македонија да забрзува мора да забрзуваат и реформите. Ако сакаме поголема доверба во државата, мора да имаме поголема доверба во институциите.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека Денот на јавната администрација е посветен на административните службеници кои секојдневно придонесуваат за функционирањето на државата.
И министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека Владата останува посветена на модернизација и дигитализација на јавниот сектор.
Реформите не претставуваат политички избор, туку неопходност за економскиот развој, привлекувањето инвестиции и зајакнувањето на довербата во институциите.
Зајакнувањето на довербата на граѓаните во институциите, беа во фокусот на Денот на јавната администрација.
Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, оцени дека реформата на јавната администрација е долгорочен процес кој бара континуирана посветеност и доследна имплементација.
Во рамките на настанот беа доделени и признанија за управување со квалитет во јавниот сектор. Награди добија Министерството за дигитална трансформација, Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за акредитација.
Борис Грујоски
