Собрание

Интерпелацијата на Тошковски пред пратениците

24.06.2026 08:32

На собраниска седница пред пратениците интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците на „Левица“. Според нив причина е саботирањето на истраги, селективна правда, непрофесионално постапување на полицијата и судир на интереси.

Денеска на собраниска седница пред пратениците интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците на „Левица“. Според нив причина е саботирањето на истраги, селективна правда, непрофесионално постапување на полицијата и судир на интереси.

Министерот Тошковски преку социјалните мрежи ја оцени интерпелацијата како „евтин политички обид за кочење на борбата против криминалот и корупцијата“, тој изјави дека нема да бега од расправа и е подготвен јавно да ги соочи аргументите пред пратениците и граѓаните во Собранието.

Тошковски во изминатиот период успешно преживеа две интерпелации поднесени во Собранието, при што парламентарното мнозинство во двата случаи гласаше против негово разрешување. Пред две недели во Собранието не помина ниту интерпелацијата за министерот за земјоделство Трипуновски поднесена од СДСМ. Опозициската партија најави интерпелација и кривична за работата на спикерот Гаши.

На пленарна седница пак, пред Законодавно правната комисија и Комисијата за финансирање и буџет. Денеска се и Предлог законот за игри на среќа и предлог законот за соодветна и правична застапеност, сите во второ читање.