Украина

Москва и Киев сакаат преговори под свои услови

24.06.2026 11:05

Русија е подготвена за мировни преговори, но дека ситуацијата на фронтот се развива во корист на Москва. Зеленски, пак, тврди дека незадоволството во Русија расте ...

Путин изјави дека Русија е подготвена за мировни преговори, но дека ситуацијата на фронтот се развива во корист на Москва. Зеленски, пак, тврди дека незадоволството во Русија расте и дека се потребни вистински преговори, додека воените операции продолжуваат на терен.

Унгарија го одложи клучниот чекор во пристапните преговори на Украина и Молдавија со ЕУ.

„Русија е подготвена за мировни преговори врз основа на договорите од Истанбул. Ситуацијата на фронтот се развива во корист на Русија.“, изјави Владимир Путин – претседател на Русија.

„Потребни се вистински преговори. Украина веќе ги има претставено своите предлози и продолжува со притисок врз Москва“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.