Пелагонискиот плански регион лидер според обазбедените средства
Пелагонискиот плански регион ја најде формулата за најлесен пристап до европските донаторски трезори. Вешто подготвените апликации и издржаните проекти на деветте општини од овој регион му донесоа доволно средства за највиталните проблеми.

За четири ипол години постоење, рализирани се 55 проекти во вкупна вреднос од 1милион и 750 ооо евра. Портфолио што на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион му ја носи лидерската улуга во одност на останатите плански региони. Од обеезбедување на противпожарна опрема до средства до капитални инфраструктурни проекти или разноликост која дејствува во секоја сфера на опшественото живеење. Обезбедените 700 000 евра преку прекуграничната соработка со Лерин е проектот од општо регионално заначење што им е најзначаен.
„Без двоумење го кажувам ова затоа што апликацијата бараше вложување на максимални напори и вештина. Драг ни е и по тоа што финансиски е најтежок и е од големо значење за целиот регион во секој поглед“, вели директорката на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, Емилија Геровска.
Успешното отварање на сефот на донаторските фондови е од големо значење и за општините со поголем буџет.
„Бидејќи на овој начин повеќе се средуваат инфраструктурните и другите задачи кои не биле планирани со општинската каса. Организирани преку планскиот регион навистина се наоѓаат интересни содржини“, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Сепак најголемиот бенифид го чувствуваат помалите општини, без овој центар не ќе можевме на модерен начин да го осветлиме патот кај клучката Макази, а сега веќе да планираме и други капитални проекти вели градоначалникот на Ресен.
„Веќе ја подготвуваме техничката документација за изградба на пристаниште во Претор а размислуваме и за други проекти кои со општинските средства тешко може да се реализираат“, вели градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Динамична активност нуди и новата усвоена програма за перидот 2015-2019 година. На почетокот фокусот ке биде ставен на создавањето на мрежа со „ЈУЕНДИПИ“ што ќе овозможи аплицирање кај фондовите за развој на туризмот и инваторството.
Стевче Митревски
