Почнува 65. издание на Струшките вечери на поезијата
Струга повторно е центар на светската поетска сцена со одржувањето на јубилејното 65-то издание на Струшките вечери на поезијата, една од најпрестижните литературни манифестации во регионот и пошироко која годината ќе собере околу 70 поети, преведувачи...

Од денеска до 29 јуни, Струга повторно е центар на светската поетска сцена со одржувањето на јубилејното 65-то издание на Струшките вечери на поезијата, една од најпрестижните литературни манифестации во регионот и пошироко која годината ќе собере околу 70 поети, преведувачи, критичари и литературни работници од земјата и странство на едно место.
Свеченото отворање денеска симболично се поврзува со 165-годишнината од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (1861), објавен во, Хрватска. Организаторите истакнуваат дека годинашното издание се враќа на подолг и пофестивалски професионален формат, продолжувајќи еден ден повеќе од претходните години.
Струга и ова лето ја отвора својата врата за светот, нудејќи простор каде поезијата ги поврзува јазиците, културите и генерациите во единствен уметнички дијалог.
