Нема интерес за земјоделската струка
Од година во година се намалува интересот за упис во земјоделските училишта во државава. Во најголемата житница-Пелагонија, во земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола вкупно има околу 40 ученици, во прва година во двата уписни рокови запишани се седум нови. Кај младите нема интерес за земјоделие, на него гледаат како секундарна дејност …

Иако земјоделството денес се помалку значи само физичка работа, а се повеќе технологија, знаење и современи практики, младите ретко го избираат како професија. Во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, во двата уписни рокови запишани се седум ученици.
Несигурните приходи, променливите откупни цени и чувството дека земјоделецот тешко може да обезбеди стабилна иднина, се едни од причините поради кои младите бараат друг можности
Ова се потврдува и со истражувањето на организацијата на жени. Која покажа дека 90 проценти од деветоодделенците во сите основни училишта во Битола, не знаат каде се наоѓа земјоделското училиште. Постои стигма, срам од земјоделие, а причината лежи во целокупното општествено делување.
По изјавата на министерката за образование дека учениците од прва година, Кузман Шапкарев ќе се префрлат во регионалниот центар, директорот Крстевски посочи дека до нив нема стигнато никакво официјално известување.
Од земјоделските полиња до училишните клупи-разликата станува сè поголема. Останува прашањето-дали ќе успееме да создадеме нова генерација земјоделци или традицијата по која е позната Пелагонија полека ќе загасува.
Александра Максимовска
