Зулег: Шкотскиот референдум нема да ги неутрализира движењата за независност во Европа
Зулег вели дека многу региони ќе го наметнат прашањето за поголема автономија, со што на светлина ќе излезат работите кои Европа долго време се труди да ги скрие под тепих...

Резултатот од рефендумот предизвика лавина од национализам во земјата и ситуацијата нема вака да заврши за Шкотска, оценува во интервју за МТВ, Извршниот директор на Европскиот Политички Центар Фабиен Зулег. Овде особено го потенцира престојниот рефендум на Обединето Кралство дали да се остане во Европската Унија.
„Ако има рефендум, ќе биде тешко да се победи, гледано од перспектива на Европската Унија, мислам да се остане во неа. Ако резултатот е „не“ мислам дека тоа ќе дојде од југот, но Шкотска, Велс, Северна Ирска секако ќе гласаат за „да“, а тоа ќе значи прашањето за нивната независност повторно да се врати на маса. Мислам дека има големи шанси движењето за независност да се зајакне. Веќе гледаме некои реакции на пример Шкотската национална партија има рекордно зголемување на членството после рефендумот, и веќе е трета најголема партија во Обединетото Кралство. Гледаме силни чуства“, вели Фабиен Зулег.
Она што се случи епилогот од референдумот вели дека е очекуван од неколку причини.
„Мислам дека клучните прашања во една рака е ризикот од независноста, како и прашањето за членство во ЕУ, за валутата , за економската состојба, луѓето се плашеа од несигурноста. Исто така ветувањата за поголема моќ на Шкотска ги предомислија гласачите во последните неколку денови“, вели Фабиен Зулег.
Од друга страна референдумот во Шкотска нема да ги неутарализира движењата за независност во Европа. Зулег вели дека многу региони ќе го наметнат прашањето за поголема автономија, со што на светлина ќе излезат работите кои Европа долго време се труди да ги скрие под тепих.
Иако под различни околности, тој очекува референдумот во Каталонија да помине, а во истивреме ќе се разгорат прашањата за поделба мегу централните и регионалните власти во Белгија.
Кај европските институции Шкотскиот реферндум предизвика олеснување, но на долг рок преставуваше тест за тоа како во иднина да се соочуваат со ваквите ситуации кои можат да го променат текот на историјата. Во однос на неправилностите кој како видео маатеријали се појавија во јавноста европскиот експерт ги нарече илозирани случаи, кои немале влијание на резултатот.
Марина Стојанова Тонева
