ФАМУ дел од Македонскиот високо образовен систем

23.12.2013 15:38

ФАМУ ќе биде дел од Македонскиот високообразовен систем

Од наредната академска година во Охрид ќе почнат  постипломски студии по филмско сценарио, според програмата на престижната Академија за филмска и телевизиска уметност ФАМУ во Прага кои ќе бидат дел од Универзитетот „ Гоце Делчев “.Најпрво ќе има само магистерски студии по сценарио, а потоа ќе се воведат за режија и за фотографија, како и додипломски студии.  Програмите ќе бидат достапни не само за македонски студенти туку и за студентите од регионот и пошироко. МОН и ФАМУ соработуваат три години во кои 11 македонски студенти добија стипендии за студирање на познатата филмска академија - четворица за додипломски и седум за втор циклус студии, од кои тројца и ги завршија.