Објаснување за протекувањето
Протекувањето на доверливи информации за патувањето на семејството на премиерот Мицкоски во бугарската јавност го отвори прашањето за довербата меѓу сојузниците.

Неприфатлив начин на меѓусебно функционирање е инцидентот со протекувањето на доверливите информации за патувањето на семејството на премиерот Мицкоски во бугарската јавност, вели шефот на дипломатијата Муцунски, додавајќи дека побарале објаснување од бугарското МНР како се случило тоа.
Во последниов месец се засилил дијалогот со Софија и за евроинтеграцијата, но остануваат различните толкувања што се европски услови. Мора да имаме гаранции дека уставните промени и акцискиот план ќе бидат последни билатерални услови, вели министерот Муцунски.
Шефот на дипломатијата вели дека во изминативе две години од мандатот, МНР работело на изградба на меѓународно почитувана, безбедна и економски развиена држава.
Се заокружува дипломатско-конзуларната мрежа со пополнување на нови 16 места.
Ирина Гелевска
