Минчев- Пауновиќ: Заедничката работна група бележи значителен напредок
Министерот за јавна администрација Горан Минчев и српската министерка за јавна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ разговараа за продлабочување на соработката и нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработка, при што беше констатиран значителен напредок на Заедничката работна група.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска оствари билатерална средба со Снежана Пауновиќ, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација.
На средбата била потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства, особено во делот на професионалниот развој на административните службеници.
Минчев истакнал дека Заедничката работна група формирана за реализација на активностите од Меморандумот активно работи и бележи значителен напредок во повеќе области од заемен интерес, што претставува добра основа за понатамошна соработка.
Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на системот за обуки и градењето професионална и ефикасна администрација, при што биле разгледани искуствата и добрите практики на Националната академија за јавна администрација на Србија.
Во фокусот на разговорите била и дигиталната трансформација на процесите за учење и обука, вклучително и развојот на електронски модули и системи за управување со учење (LMS), со цел подобрување на достапноста и квалитетот на обуките во јавниот сектор.
Од двете министерства оцениле дека досегашната соработка дава конкретни резултати и придонесува за зајакнување на институционалните капацитети и подобрување на јавните услуги во интерес на граѓаните на двете земји.
