Собрание

Жестока собраниска дебата за интерпелацијата на Тошковски

24.06.2026 16:27

Пратениците на власта и опозицијата се судрија околу работата на Министерството за внатрешни работи. Левица бара политичка одговорност од министерот Тошковски, додека владејачкото мнозинство најави дека нема да ја поддржи интерпелацијата.

Трагедијата во Кочани, превработеност и партиски вработувања во МВР, двојни стандарди, судир на интереси, како што велат се едни од причините пратениците на Левица третпат да поднесат интерпелација за министерот Тошковски. Бараат политичка одговорност за состојбите во безбедносниот сектор и работата на Министерството за внатрешни работи.

„Интерпелацијата не е суд за мојата работа, туку собирање политички поени“-смета министерот Тошковски. Ја оценува како контрадикторна и манипулативна. Дека е подобрена безбедноста на граѓаните благодарение на имплементацијата на „Безбеден град“ говорат статистичките податоци според кои е намален бројот на жртви вели тој. Првпат според Тошковски, сите се еднакви пред законот. Порача дека Левица не смее да ги меша надлежностите на судството и МВР.

Пратениците на власта и на опозицијата во жестока дебата за прашањата поврзани со безбедноста, владеењето на правото и функционирањето на институциите.

Владејачкото мнозинство е децидно дека нема да ја поддржи интерпелацијата, бидејќи министерот Тошковски според нив ги исполнува обврските согласно со законските надлежности, а за истата гледаат политичка иницијатива.

Александра Велинова