Австралиската полиција застрела момче кое се заканувало со атентат на премиерот Абот
Австралиските сили застрелаа момче кое му се заканувало со атентат на премиерот Тони Абот. По истрагата за тероризам, било повикано на распит во полициска станица. Дошло носејќи го знамето на Исламска држава и со нож ги нападнало полицајците. Двајца се прободени, од кои едниот е во критична состојба. Австралиските медиуми пишуваат дека тинејџерот бил познат екстремист чијшто пасош неодамна бил повлечен.

Минатата недела австралиската полиција изведе големи антитерористички рации во Сиднеј и во Бризбејн, по заканата на џихадистите дека јавно ќе обезглават случајно избран Австралиец.