Опозицијата алармира за состојбата во пензискиот систем
СДСМ предупредува дека дефицитот во ПИОМ надминува 40 проценти и бара Владата да објасни какви се плановите за вториот пензиски столб, по изјавите на премиерот Мицкоски.

СДСМ тврди дека е загрозен вториот пензиски столб по најавите на премиерот Мицкоски дека граѓаните кои уплаќаат во овој фонд ќе бидат непријатно изненадени со износот кој ќе го добиваат како пензија по завршувањето на работниот однос.
Од опозицијата прашуваат дали Владата ќе изврши финансиски упад и во овој пензиски столб, со оглед на тоа што, како што велат во СДСМ, дефицитот во буџетот на ПИОМ е веќе над 40 насто, чиј износ според нив треба да биде надополнет од државниот буџет за да се исплаќаат редовно пензиите.
Во СДСМ сметат дека пензионерите се онеправдани и со линеарното зголемување на пензиите, зашто доколку се применуваше методологијата по швајцарски модел, секој пензионер како што сметаат во СДСМ ќе добиел покачување пропорционално на она што го уплаќал во Фондот на ПИОМ за време на работниот век.
Игор Панов
