Политика

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

24.06.2026 18:57

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица. Гласаа 77 пратеници, од кои 58 беа „против“, а 19 „за“.

Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од левица. Жестока расправа претходеше на гласањето во законодавниот дом. Опозицијата бараше политичка одговорност за состојбите во безбедносниот сектор и работата на Министерството за внатрешни работи.

Министерот Тошковски одговори дека интерпелацијата не е суд за неговата работа, туку собирање на политички поени. Според него прв пат сите се еднакви пред законот.

Обвинувања за непотизам, судир на интереси, партизација на полицијата од опозицијата, уверуваа од владејачкото мнозинство дека успешно го води ресорот.

Ова не е првпат работата на Тошковски да биде предмет на интерпелација во Собранието. Ова е трета опозициска иницијатива за негова смена- две поднесени од Левица, а една од ДУИ.

Ана Јосифоска