Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена облачност
25.06.2026 08:11
Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
