Денеска на пленарка пратенички прашања
Денеска е пленарната седница наменета за пратенички прашања што редовно се одржува секој последен четврток во месецот. Во Собранието заседаваат и пет комисии...

Во Собранието денеска е пленарната седница наменета за пратенички прашања што редовно се одржува секој последен четврток во месецот. Во Собранието заседаваат и пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог-законот за изменување и дополнување на закон за безбедност во сообраќајот, по скратена постапка со кој се предвидува минимална возраст од 18 години за управување со „лесно електрично возило“.
