Обама ја потврди поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО

24.09.2014 10:02

При средбата, од американскиот претседател побарав поддршка и помош, пред се за членството на Македонија во НАТО, изјави шефот на државава Иванов. Американскиот претседател одговорил дека поддршката на САД за нашата земја продолжува...

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа присуствуваше на приемот чијшто домаќин беше американскиот претседател Барак Обама. При средбата, од американскиот претседател побарав поддршка и помош, пред се за членството на Македонија во НАТО, изјави шефот на државава Иванов. Американскиот претседател одговорил дека поддршката на САД за нашата земја продолжува.

„Побарав од американскиот Претседател Барак Обама поддршка и помош пред се за членството на Македонија во НАТО, при што тој одговори дека Америка продолжува со поддршката и помошта што ја дава за Македонија и дека и во иднина можеме да сметаме на помошта и поддршката за она што кај нас е најургентно-членството во НАТО“, изјави претседателот Ѓорге Иванов по приемот во Њујорк за шефовите на делегации на земјите членки на Обединетите нации.