Идризово

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

25.06.2026 09:21

Во големата судница на Кривичниот суд во Идризово продолжува судењето за страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 се повредени...

Денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово продолжува судењето за страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 се повредени. На претходното рочиште, Обвинителството презентираше документи за работата на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тврдат дека години пред трагедијата, во Кочани немало инспектор за заштита и спасување. Во 2015-та инспектори од Скопје проверувале дуќанче, кое не се сметало за објект под ризик. Но, истовремено не биле проверени градските дискотеки, кабареа и клубови во кои се собираат многу гости.

Одбраната тврдеше дека по систематизацијата, недостигале 10 пожарникари, кои ако биле вработени, трагичната вечер, ќе спаселе повеќе луѓе.