Израел

Нетанјаху: За нападот врз Иран не барав дозвола од Трамп

25.06.2026 10:46

Нетанјаху вели дека никогаш не побарал дозвола од американскиот претседател Трамп да го нападне Иран.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека никогаш не побарал дозвола од американскиот претседател Трамп да го нападне Иран. 

„Јас едноставно го информирав. Му реков дека одиме во Иран затоа што нема да седам и да чекам нашите непријатели кои отворено, гласно, изјавуваат дека сакаат да нè уништат, а и вас исто така. Нема да го дозволам тоа. И затоа дејствувавме“, изјави Нетанјаху.

Се проценува дека овие коментари на израелскиот премиер се со цел да ја потврдат стратешката независност на Израел во услови на тензии меѓу Тел Авив и Вашингтон поради континуираните напори на Трамп да постигне договор со Иран, но и загриженоста на Израел за американските ограничувања на слободата на израелската воена акција.