СЗО очекува крај на епидемијата на хантавирус на 2 јули
Гебрејесус, на прес-конференција во Женева изјави дека повеќе од 650 контакти се идентификувани во 33 земји и територии, откако епидемијата беше првпат пријавена на 2 мај. Додаде дека доколку дотогаш нема нови случаи, СЗО ќе ја смета епидемијата за завршена.

Епидемијата на хантавирус треба да биде прогласена за завршена на 2 јули, соопшти Светската здравствена организација.
Генералниот директор Гебрејесус, на прес-конференција во Женева изјави дека повеќе од 650 контакти се идентификувани во 33 земји и територии, откако епидемијата беше првпат пријавена на 2 мај. Додаде дека доколку дотогаш нема нови случаи, СЗО ќе ја смета епидемијата за завршена. Хантавирусот се пренесува преку глодачи и не постои вакцина или специфичен третман за него.
Сојот од Андите идентификуван на холандскиот крузер во почетокот на април е единствениот познат сој што може да се пренесе од човек на човек.
