Свет

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија

25.06.2026 09:41

Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри.

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала регистриран во Северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри.

Нуклеарните централи и постројки, меѓу кои и „Фукушима даичи“, што беше тешко оштетена во разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година, и фабриката за преработка на потрошено нуклеарно гориво во Аомори, не пријавиле никакви неправилности.