Пчеларите со полупразни кошниц, цената на медот ќе расте!
24.09.2014 10:12
Пчеларите годинава со полупразни кошници. Врнежите и кај нив го намалија произведеното количеството, но квалитетот е подобрен...

Врнежливата година ќе ја зголеми и цената на медот. Пчелните кошниц останаа полупразни, но медарите се надеваат на подобар квалитет.
Од временските услови најмногу настрадаа пчелните семејства на повисоките места.
За разлика од нив, кај кошници во низините не се забележува голем пад на производството иако споредено со лани мед ќе има помалку.
Македонскиот мед во однос на соседните е по квалитетeн, потврден со сертификати.
Според експертите намаленото производство треба да влијае и на зголемување на неговата хранлива вредност, а со тоа и повисока цена за се повеќе бараниот производ на пчеларите.
Методија Трајков
