Македонија

Со дигитализација до намалување на корупцијата во државните институции

25.06.2026 14:11

Еден од начините за поефикасна борба против корупцијата е дигитализацијата на државните институции, смета власта. Антикорупциската комисија, пак, со новата стратегија верува дека ќе има поголеми надлежности за справувањето со високопрофилните случаи.

Ниту една влада сама не може да се справи со корупцијата. Потребна е соработка на сите чинители во општеството. Со дигитализација ќе се намали корупцијата во државните институции, смета министерот Андоновски.

Државната комисија за спречување корупција со новата стратегија се надева на поефикасна борба против оваа појава.

И европските членки се справуваат со корупција, а тоа е услов и за земјите кандидатки, потенцира францускиот амбасадор. Невладина француска организација го покрена и прашањето за спречување и во приватниот сектор, а не само во државните институции.

Борбата против корупцијата сè уште не е на задоволитено ниво. Во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјите-кандидатки се регистрира само одреден напредок во последниве години.

Ирина Гелевска