Скопје-Софија

Не запираат реакциите по објавената дипломатка нота

25.06.2026 12:46

Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ прстот го вперија кон СДСМ – оттаму му забележаа на Филипче дека не го осудил овој преседан во дипломатијата од страна на Бугарија.

Не запираат реакциите за скандалот со објавената дипломатска нота. Бугарското МНР негира дека ја споделило информацијата за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово. Оттаму дури се оградија, велејќи дека станува збор за настани што поминале одамна, па затоа не можат да се сфатат како непосредна опасност по безбедноста. Нашето МНР претходно жестоко реагираше и побара објаснување и темелна истрага.

Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ прстот го вперија кон СДСМ – оттаму му забележаа на Филипче дека не го осудил овој преседан во дипломатијата од страна на Бугарија.

„Филипче и СДСМ избраа тишина наместо јасна осуда и барање одговорност, со што дополнително се отвораат сериозни прашања за нивната политичка доследност и приоритети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.