Македонија

Коалицијата „Менуваме“ на протест за повеќе лични асистенти и редовни надоместоци за луѓето со попреченост

25.06.2026 14:54

Протестот се организира под мотото – „За достоинствен живот, не бараме привилегии, туку еднакви можности“.

Коалицијата „Менуваме“ и луѓето со попреченост попладнево излегуваат на протест пред Министерството за социјална политика, демографија и млади. Бараат повеќе лични асистенти и редовна исплата на надоместоците.

Протестот се организира под мотото – „За достоинствен живот, не бараме привилегии, туку еднакви можности“.

Намалувањето на часовите за лична асистенција, нередовните исплати на паричните надоместоци, доцнењата во финансиската поддршка, нерешените законски измени и недостатокот на ефикасно спроведување на политиките поврзани со попреченоста директно влијаат на секојдневниот живот на илјадници граѓани, предупредуваат од коалицијата.