Гаши очекува парламентарна соработка со Бугарија
По остварената средба со бугарската колешка Доцова, собранискиот спикер Гаши очекува продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји. Иако тој оттаму доби порака дека за условот за уставни измени, Гаши верува дека од Софија може да се црпат искуства на нашиот евроинтегративен пат. Во меѓувреме, законодавниот дом го чека предлогот за владината реконструкција.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оцени дека средбата со неговата бугарска колешка Доцова поминала во позитивна атмосфера и била насочена кон продлабочување на парламентарната соработка. И покрај пораката дека уставните измени остануваат услов за европскиот пат, Гаши смета дека од Софија може да се црпат искуства и експертиза за европските реформи, законодавниот надзор и транспарентноста.
Спикерот на парламентот во однос на реконструкција на владата посочи дека штом биде доставен предлогот за избор на нови министри, според процедурата ќе биде закажана и седницата за новиот состав на извршната власт. Дали ќе станува збор само за смена на одредени министри и избор на нови, или пак ќе се гласа како избор на нова влада зависи од тоа дали премиерот ќе менува над една третина од министерскиот состав.
Гаши очекува да биде донесени и законите од реформската агенда. Тој се осврна и на законот за правична застапеност кој треба да биде во согласност со уставните принципи за вработувањето на малцинствата во државната администрација, особено по укинување на балансерот од страна на Уставниот суд.
Игор Панов
