Претседателот Иванов и министерот Попоски на Самит за климатски промени
24.09.2014 10:22
Почна големиот собир на светската асамблеја со учество на рекорден број шефови на држави и на влади...

Војните се незаобиколив дел од секоја сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации. Почна големиот собир на светската асамблеја со учество на рекорден број шефови на држави и на влади.
Своја агенда има и македонскиот претседател. Заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваат на Самитот за климатски промени.
Македонија е првата земја од Западен Балкан која го комплетираше третиот национален извештај од Рамковната конвенција за климатските промени.
До крајот на 2014-та ќе го достави и првиот двегодишен отчет за емисија на издувни гасови.
