Идризово

Продолжи судењето за трагедијата во Кочани

25.06.2026 13:28

Времето изминува, болката не поминува. Во големата судница во Идризово, ново рочиште за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, која однесе 63 животи.

Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова.

„Се бара достоинство и трпение, и тоа го правиме од првиот ден, а за возврат бараме само едно: доказите да се изведат до крај, јавноста да ја слушне целата слика и одговорноста да не се изгуби меѓу процедурите. – За нашите деца нема втор обид. Не смееме, и не смее да има ни за вистината“, изјави Наунов – татко на еден од загинатите.

Денешното рочиште продолжува со изведување на материјални докази од друг јавен обвинител.

Обвинителството презентира докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а кои се однесуваат на околности како започнала работата на објектот, иако, како што беше посочено, притоа во континуитет формално и суштински не постоеле услови и не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот.

Судењето се наоѓа во доказна постапка со изведување на материјални докази од Обвинителството.